Британскиот бенд „One Direction“ мораше да побрза со објавувањето на спотот за песната „Live While We’re Young“, бидејќи на интернет се појави неавторизирана верзија на истиот.
Оваа песна е прв сингл од нивниот втор албум „Take me home“ за кој момците се убедени дека нема да ја разочара публиката. Спотот за песната за неполни 24 часа постигна неверојатни 3 милиони прегледи на интернет.
Поранешните натпреварувачи во X Faktor, во триминутното видео им покажаа на фановите како изгледа дива и влажна забава во двор, притоа покажувајќи ги своите полуголи тела.