(ВИДЕО) Ременски: Унапредување преку раководителот – Јанкулоска крши Устав и права

Од:

„Еве до каде е подготвена да оди власта на Груевски. Во Министерството за внатрешни работи никој не може да напредува ако за тоа не му даде дозвола неговиот раководителот!

Ова своеволно го воведува Гордана Јанкулоска.

Со Телеграма бр. 07-52201/1, Јанкулоска им укажува на претседателите на Комисиите за распоредување и унапредување на овластените службени лица и полициските службеници во МВР, дека на интерните огласи на Министерството, работникот заедно со пријавата за аплицирање мора да достави и писмена согласност за распоредување или унапредување од раководителот на организациската единица каде работи!

Ова претставува директно кршење на правата на вработените во МВР и ограничување на законски и уставно загарантираното право на еднаквост и достапност на секое работно место“, рече на денешната прес-конференција Фросина Ременски, претседателка на Комисијата за внатрешни работи и потпретседателка на СДСМ.

„Замислете ситуацијата кога работникот ќе побара писмена согласност од својот раководител, за да се пријави на интерен оглас за огласеното работното место на неговиот раководителот? Што тогаш?

Субјективните чувства на раководителите, налозите од оние кои ги поставиле за раководители и дискреционото право што им се дава да одлучуваат за правата на работниците,  според логиката на Гордана Јанкулоска, ќе станат одлучувачки фактори при давањето писмена согласност на работникот да се јави на интерен оглас.

Ако се знае дека унапредувањето и распоредувањето е поврзано и со висината на платата од работното место, тогаш се ограничува и правото на работникот да оствари финансиската можности што би му ја дало унапредувањето.

Воведувањето на овој нов, измислен услов со којшто директно се кршат правата на вработените во МВР, дополнително ќе допринесе за партизација, за дискриминација, ургенции и корупција во МВР.

Со оваа телеграма, Гордана Јанкуловска се става над законите и Уставот и воведува нов услов што воопшто не е предвиден во постоечкиот Правилник за системот на кариера на овластените службени лица на МВР, Колективниот договор на МВР и Законот за внатрешни работи.

Станува збор за произволно толкување на сите овие акти од страна на Јанкулоска.

Гордана Јанкулоска по којзнае кој пат покажа дека не ги почитува Уставот и законите, па дури и подзаконските акти коишто самата ги носи.

Во отсуство на грижата за правата на вработените во МВР од страна на Македонскиот полициски синдикат, којшто е должен да реагира при кршење на правата од Колективниот договор на МВР, Правилникот за ситемот на кариера на овластените службени лица во МВР и Законот за внатрешни работи, Комисијата за внатрешни работи на СДСМ до Уставниот суд на РМ ќе поднесе Иницијатива за преиспитување на уставноста и законитоста на Телеграмата на Гордана Јанкулоска и Правилникот за системот на кариера на овластените службени лица во МВР во делот на уставно загарантираните права на жалба, на еднакви услови и достапност на секое работно место“, изјави Фросина Ременски, претседателка на Комисијата за внатрешни работи и потпретседателка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата