Десет цивили загинаа во воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД против екстремистите од групацијата „Исламска држава“ во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Центарот истакна дека седум цивили се убиени во воздушен напад врз складиште на гас в близина на градот Хашам, во источната провинција Дејр ал Зур вчера, а во четвртокот вечерта тројца цивили загинале во воздушен напад врз североисточната провинција Хасака.
Вашингтон соопшти дека нема докази за овие тврдења и додаде дека американските сили прават се што е во нивна моќ за да се спречи појавата на цивилни жртви при нападите врз ИД.