Ридли Скот подготува мини серија за ебола

Од:

Темата не може да биде поактуелна, веќе неколку недели епидемијата на ебола, која досега однесе повеќе од 4.400 животи, е една од главните вести во светските медиуми.

Тоа беше доволно Холивуд од своите архиви да извлече 20 години стар проект, филм за злокобниот вирус, инспириран од романот „The Hot Zone“ (Жешка зона), на Ричард Престон. Книгата, која Престон ја објави во 1994 година врз основа на серија написи напишани две години претходно за списанието „Њујоркер“, се занимава со потеклото и ширењето на вирусот во периодот меѓу 1970 и 1990 година.

Кога се појави романот веднаш го заинтересира Холивуд, а режисерот Ридли Скот и продуцентот Линда Обст тогаш ги откупија права за снимање на адаптацијата.

Филмот  „The Hot Zone“ , во кој главните улоги требаше да ги толкуваат Џоди Фостер и Роберт Редфорд, никогаш не е реализиран, но сега се подготвува ТВ адаптација.

Според „Холивуд рипортер“, серијата, која ќе ја продуцира студиото Фокс, ќе биде работена врз основа на првобитното сценариот на Џим Харт, кон кое ќе бидат додадени новите најдраматични настани.

Режијата на пилот епизодата ќе му биде доверена на Ридли Скот.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ