Билансот на жртвите во силната снежна бура во Непал, која изминатите денови го погоди патот, кој води до врвот Анапурна, достигна 43 лица.
Непалските власти изјавија дека ова е најтешката несреќа на патеката во земјата досега.
Властите соопштија дека се пронајдени 11 нови тела, девет на Непалци и две на Јапонци, а не ја исклучуваат можноста да има уште жртви под дебелата снежна покривка и под мразот, кои се наталожија по бурата во вторникот во екот на сезоната за планинарење и која предизвика силни лавини.
Меѓу загинатите има најмалку 19 туристи од странски земји, меѓу кои од Канада, Израел, Полска, Словачка, Индија и Виетнам.
Полицијата соопшти дека од средата од погодените области биле евакуирани вкупно 385 лица, од кои 180 странци.