Илјадници жители на мексиканскиот град Акапулко одржаа мирен протест, барајќи одговор за судбината на 43 исчезнати студенти, за кои властите стравуваат дека ги масакрирале полицајци, кои што се поврзани со наркокартели.
Студентите исчезнаа кон крајот на септември во државата Гереро, по судир со полицијата и маскирани напаѓачи, по што беа уапсени повеќе десетици полицајци.
Поголем дел од демонстраните бараат оставка на Анхел Агиреа, гувернерот на Гереро, каде што насилството во изминатите месеци драстично се зголеми, пренесе „Ројтерс“.
Инаку властите пронајдоа масовни гробници во близина на местото каде што исчезнаа студентите, но истрагата покажа дека од 28-те пронајдени остатоци од тела, ниту едно не припаѓа на исчезнатите студенти.
Како што пренесе „Асошиејтед прес“демонстрантите ветиле дека ќе ги блокираат градските собранија ширум државата Гереро, се додека не се пронајдат студентите.
Е. Г.