Владата на Нигерија постигна договор со исламистичката група Боко Харам за прекин на огнот и за ослободување на околу 200 девојчиња, кои беа киднапирани пред шест месеци во Чибок.
Информацијата за примирјето е потврдена и од началникот на генералштабот на нигериската армија Алекс Бадех.
Хасан Тукур од претседателскиот кабинет потврди дека исламистите ќе ги ослободат 219 девојчиња.
Боко Харам за ослободувањето на киднапираните девојчиња побара ослободување на затворените екстремисти.