Непознато лице залепило постери со фотографија и име на жена која наводно е болна од ХИВ и СИДА, низ главниот град на грчкиот остров Лесвос, Митилини.
Како што јавија локалните медиуми од островот, луѓето кои поминале на главниот плоштад во градот биле вчудоневидени од плакатите кои биле насекаде.
На постерите имало и медицински извештај според кој жената била заболена од ХИВ и СИДА.
Случајните минувачи и вработените во општината која била во близина вчера цел ден се обидувале да ги искинат плакатите во обид да ја заштитат жената.