По пет години изградба, во Холандија официјално е отворен покриениот пазар за храна „Марктел Ротердам“, дизајниран од холандското архитектонско биро МВРДВ, кој има речиси 312.000 метри кавдратни.
Највпечатливата карактеристика на оваа убава градба, е убавиот шарен мурал, наречен „Корнукопија“, инаку дело на уметниците Арно Коенен и Ирис Роскам.
Уметничкото дело кое е направено во 3Д форма, се наоѓа во на сводот над пазадот и зафаќа повеќе од 36.000 метри квадратни.
Двата долни ката имаат простор за вкупно 96 тезги за прехрабени артикли и 20 локали. Покрај тоа во гардбата има и 228 станови, кои се наоѓаат на горните катови, вклучувајќи го и заоблениот дел.
Сите станови имаат прозорци во квадратна форма, кои на станарите им овозможуваат поглед кон овој затворен пазар.
На двете страни на градбата, има огромни стаклени прозорци, чија функција е да го штитат просторот од навлегуње на студ, но и да овзоможи продор на светлина, имајќи го предвид секогаш сивото и влажно време во Холандија.
„Марктал“, исто така, вклучува и подземен паркинг, продавници и ресторани. Оваа новотворена атракција, се очекува да привлече меѓу 4,5 и седум милиони посетители секоја година.