Со натпреварот меѓу Гоце Делчев и Карпош Соколи ќе стартува второто коло од Првата кошаркарска лига. И двете екипи во првото коло постигнаа победи на гости што е најава за интересен дуел.
Во сабота се играат два натпревара. Пресметката на македонските претставници од БИБЛ лигата Куманово – Кожув и дуелот Водњански Лисици – Работнички.
Последниот натпревар на програма е во недела кога Фени Индустри е домаќин на Струмица. Во ова коло слободна е екипата на шампионот МЗТ Скопје Аеродром.