(ВИДЕО) Орав: Состојбата со медиумите во Македонија е проблематична

Од:

Состојбата со слободата на медиумите ја отсликува подготвеноста на една земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Вака евроамбасадорот во земјава, Аиво Орав го започна својот говор на форумот за медиуми во Југоисточна Европа.

Тој посочи дека ситуацијата со медиумската слобода во земјава е проблематична, факт кој бил јасно нотиран и во последниот извештај за напредокот на Македонија.

Орав потенцираше дека носењето нов закон за медиуми не ја подобрило ситуацијата во медиумите, и според него мора да се најде начин да се намали влијанието на владата врз медиумите. Како проблем ја посочи и финансиската и политичка зависност на МРТВ-состојба која мора да се смени како и вонсудска спогодба за тужбите против новинарите.

„Слободата на медиумите е еден клучен показател за подготвеноста на земја кандидат да стане членка на Европската Унија, но состојбата што се однесува за слободата на медиумите овде, да го цитираме текстот на извештајот, продолжува да биде проблематична. Ова наспроти воведувањето на сеопфатен закон за медиуми на почетокот на 2013-та година, постои ургентна потреба да се направи осврт на овие предизвици. Преку обезбедување на транспарентни критериуми вклучително и за набавка на медиумски услуги може да се намали влијанието на владата врз медиумите“, рече евроамбасадарот Аиво Орав.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ