Оскарот кој во 1941 година за главна женска улога го доби актерката Џоан Фонтеин ќе биде понуден на аукција, соопшти аукциската куќа Кристис.
Фонтеин, која почина минатата година на возраст од 96 години, освои Оскар за улогата во филмот на Алфред Хичког „Сенка на сомнежот“ каде играше со Кери Грант. Таа е единствен актер кој добил Оскар за улога во некој од филмовите на Хичкок.
Се очекува дека статуетката ќе достигне цена од 200 до 300 илјади долари на аукцијата, која ќе се одржи на 11 декември во Њујорк.
Оскарите ретко се појавуваат на аукции, затоа што Академијата за филмски уметности во 1950 гoдина забрани продавање на статуетките на добитниците и нивните наследници пред да ја понудат на академијата за еден долар.
Заработувачката од продажбата на наследството на Џоан Фонтеин би можела да надмине милион долари и наменета е за калифорниското Друштво за борба против суровото онесување кон животните.