Шампионот МЗТ Скопје Аеродром со пораз од Фени Индустри ја започна одбраната на титулата во домашниот кошаркарски шампионат.
На последната средба од 1.коло во Првата лига, одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје беше надигран од кавадаречкиот тим во три од четирите периоди и на крајот Фени Индустри сосема заслужено славеше победа со 73:80 по четвртини 19:20, 18:18, 15:18 и 21:24.
Во победничката екипа дури шестмина кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најефикасен беше Горан Гајовиќ кој постигна 15 поени, а имаше и 12 скокови.
Кај МЗТ Скопје, воедно и на натпреварот, најпрецизен беше Иван Маринковиќ со 17 поени.
На средбите од ова коло одиграни порано беа постигнати овие резултати: Водњански лисици – Гоце Делчев 68:72, Струмица – Куманово 74:92 и Кожув – Карпош Соколи 74:81.
Слободен во првото коло е тимот на Работнички.