Најмалку 21 загинати во снежна бура во Непал

Од:

Дваесет и едно лице загина во снежна бура во Непал, предизвикана од циклонот што ја зафати соседна Индија, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

Меѓу жртвите има четворица планинари од Канада, по тројца од Израел и Полска, како и по еден индиски и виетнамски државјанин.

Вкупно 168 лица тргнале кон преминот Торанг Ла, во централните планини на Непал, дел од познатата патека кон врвот Анапурна, кога реонот го зафатиле силни снежни врнежи. Набрзо, на одделни места снежната покривка достигнала еден метар.

Спасени биле 60 лица, кои веднаш биле однесени во болницата во блиското село Џомсом, додека 19 повредени по воздушен пат биле префрлени во болниците во Катманду и Похара.

Меѓу спасените има петмина Германци и по четворица Израелци и Полјаци.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on