Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи во август годинава се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво и за 1,7 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава во споредба со претходниот месец продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,8 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 1 отсто.

Во споредба со август 2013 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 6,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,7 проценти, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,9 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, пак, на странските пазари во август годинава се пониски за 1,5 отсто на месечно ниво, а за 4 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,8 проценти. Во споредба со август лани, продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пониски за 4,9 проценти. 

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто