СДСМ: Преку молкот МВР дозволи поттикнување национална омраза и нетрпелливост

Од:

Опозициската СДСМ бара санкционирање на учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир низ неколку градови во Македонија, по синоќешниот фудбалски натпревар во Белград.

Преку соопштение СДСМ денеска го обвини Министерството за внатрешни работи дека не постапило согласно надлежностите за штитење на уставниот поредок и почитување на законите.

„Должност на МВР е да го штити  уставниот поредок во Република Македонија и да ги почитува законите.

Никој нема право да дивее по улиците низ Македонија и со тоа да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, како што тоа се случи вчера, во неколку градови во земјава, по фудбалскиот натпревар во Белград.

Уставот е  јасен дека не е дозволено поттикнување национална омраза и нетрпелливост.

МВР вчера со молкот и непостапувањето согласно надлежностите тоа го дозволи.

СДСМ бара, прекршителите веднаш да бидат санкционирани, согласно законските одредби за ваков вид однесување.

Самите учесници во толпата споделуваат видео снимки на социјалните мрежи. Тоа ја олеснува работата на Јанкулоска и МВР макар и задоцнето да изреагираат, бидејќи вчера не излегоа на терен да го спречат нарушувањето на јавниот ред и мир во ноќните часови“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски