Прометот во трговијата на мало во август годинава бележи намалување во споредба со истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Гледано по групи и класи, намалување на прометот во трговијата на мало номинално за 9,8, а реално за 8,5 проценти е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, кај Трговија на мало, освен трговија со горива номиналното намалување е за 4,4, а реалното за 3,7 отсто, додека кај Трговија на мало со автомобилски горива номиналното намалување е за 5,3, а реалното за 2,5 проценти.