Зголемен прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во август годинава е зголемен за 17,9 отсто во споредба со истиот месец од минатата година. Прометот во индустријата на домашниот пазар бележи опаѓање од 5,6 отсто, а на странски пазари има пораст од 28,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, прометот во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 24,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 20,5 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 и Капитални производи за 81,3 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 51,4 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 проценти.

Прометот во индустријата во август годинава, во однос на претходниот месец е намален за 7,9 отсто, додека во првите шест месеци од годинава е поцвисок за 12,9 отсто во споредба со истиот период од лани.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата