А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Наместо да ги привлекува инвеститорите Општина Крива Паланка експресно ги брка

by А1он15/10/2014 - 12:4815/10/2014 - 12:4860
Share0

„Според нашите информации, општината не го испочитувала договорот за Јавно приватно партнерство и намерно го кочи во работата приватниот партнер, поради што 50 вработени се отпуштени од работа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Долго најавуваниот проект за изградбата на деловно-административна зграда со површина од околу 1100м2 во централното градско подрачје на Крива Паланка, доживеа фијаско на самиот старт.

Официјалното отворање на зградата се случи на 25 Август, а јавноста нестрпливо ги очекуваше најавуваните нови 50 работни места преку линијата на супермаркети на фирма од Куманово. Само четириесетина дена по свеченото отворање, закупецот на деловните простории, деновиве ги отпушти вработените и почна да ја пакува опремата.

Дали вака ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски односи со бизнис секторот?

Следете a1on на Youtube YouTube

Каква порака испраќа ВМРО-ДПМНЕ до следните инвеститори кои евентуално би ја посетиле општината?

Чии интереси штитат првите луѓе на општината, своите лични или општите интереси на локалната заедница?

Кој ќе ги плаќа трошоците и пеналите на приватниот партнер поради неработењето во следниот период, а со тоа и не неможноста да си ја поврати инвестицијата од околу 550.000 илјади евра?

Чија е вината што бројка на невработени во општината е за 50 лица поголема?

Oва не е прв ваков случај, бидејки пред неколку години чевларски погон кој имаше над 300 вработени мораше да се пресели во Скопје. Во најава е дека уште еден чевларски погон  наскоро планира својата инвестиција да ја премести во Врање, соседна Србија.

Го прашуваме премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, дали суштината на кампањата „Инвестирајте во Македонија“ е „Избркај ги инвеститорите“, се вели во соопштението на СДСМ Крива Паланка.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Горан Наумовски08/05/2026 - 12:22

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 11:35

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 11:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто