Рустикалната куќа на дрво се наоѓа на француските Алпи.
Иако куќата асоцира на забава и авантури, има луѓе кои секојдневно живеат во куќи на дрво.
Добро опремената дрвена куќа нуди пријатен амбиент. Ентериерот е едноставен. Дизајнерите Патрис и Хуго Бернар се погрижија малиот дом на дрво да има се што има и во другите куќи.
Кујната ги има сите елементи, а спалната соба има голем кревет.
Куќата на дрво се наоѓа на висина од девет метри од земја.