Почна продажбата на влезниците за натпреварот Металург – Кил

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург денес ги пушти во продажбата поединечните билети за натпреварот од Лигата на шампионите против германскиот претставник Кил.

Влезниците се продаваат во продажните салони на “ОНЕ”, во Скопје и низ Македонија, како и онлајн на www.karti.com.mk

Сите оние кои ќе купат онлајн влезници, истите ќе можат да ги заменат на билетарта на СЦ Борис Трајковски на денот на оддржување на натпреварот од 15 часот.

Цените во зависнот од местото се движат од 200 до 500 денари.

Од денес започнува и промената на дополнетително купените блок влезници за пластифицирани картички. Промената ќе се врши до петок од 10 до 15 часот во просториите на РК Металург во СРЦ „Борис Трајковски“.

Натпреварот Металург – Кил ќе се одигра на 18 октомври (сабота) со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ