Норвешкиот Парламент денеска усвои закон за задолжително отслужување на воен рок за жените.
Во соопштението објавено од Министерството за одбрана се наведува дека законот стапува во сила од 1 јануари 2015 година, а првите женски регрути ќе ги пополнат редовите на норвешката армија од летото 2016 година.
Норвешка е првата европска држава и првата земја-членка на НАТО која се одлучи на ваков чекор.
– Ова е историско решение. Норвешка е меѓу пионерите во оваа област и за нас тоа е причина за гордост, изјави норвешката министерка за одбрана Ине Марие Ериксен Сорајде.
Воениот рок во Норвешка според законот за регрути е 19 месеци, иако ретко трае повеќе од 12 месеци.