Амбасадорката на Франција Лоранс Оер во посета на општина Битола

Од:

Амбасадорката на Република Франција во Република Македонија Лоранс Оер денеска ја посети општина Битола и оствари средба со градоначалникот Владимир Талески и со наставниот кадар и студентите на Правниот факултет пред кои одржа предавање на тема „Франција и Македонија – интеграции на државите од Западен Балкан во ЕУ“.

На прес- конференцијата амбасадорката Оер најави дека на 11. ноември на француските гробишта во овој град ќе биде изграден меморијален центар и други содржини кои ќе бидат интересни за туристите од Франција, но и од други држави.

– Француската амбасада и градот Битола реализираат многу заеднички проекти,а наскоро, по повод 100 годишнината од Првата светска војна ќе презентираме повеќе заеднички активности. Тоа беше ужасна војна во која имаше 10 милиони жртви, меѓу нив 1,5 милиони жртви од Франција, а во тоа време страдал и градот Битола кој освен последици од војната се соочил со голем глад на населението што го предизвикала војната. Ние исто така сакаме француските гробишта во Битола да ги направиме да бидат најубави, особено во пресрет на 11 ноември каде ќе понудиме нова содржина која ќе биде интересна за туристи од Франција, но и од Битола, посочи амбасадорката Оер.

Соработката меѓу градот Битола и институции од Франција се одвива на повеќе нивоа, регионално, локално и поединечна институционална соработка, потврди градоначалникот Владимир Талески за време на приемот на амбасадорката Оер.

– Ние долги години одлично соработуваме со збратимениот град Епинал чии претставници ќе бидат наши гости на 4-ти ноември, за време на празникот на градот. Во овој период заеднички работиме на проект кој ќе се реализира на 11 ноември и е поврзан со француските гробишта во Битола. Веќе се најавени бројни гости од Франција, програмата се утврдува и очекуваме пригодно одбележување на историскиот датум, рече меѓудргото Талески.

Би можело да ве интересира

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола