ВИДЕО: Реакција на општина Струмица на Oтчетот за првите 100 дена на Владата

Од:

Општина Струмица денеска регираше на Oтчетот за сработеното во првите 100 дена на Владата на Република Македонија. На прес конференцијата, Ристо Секулов, советник за спорт во општината, посочи дека не е точно наведеното во Oтчетот дека Агенцијата за млади и спорт во Струмица гради игралиште со вештачка трева.

„Напротив, вистината е дека игралиштето го гради општина Струмица во соработка со Фудбалската федерација на Македонија. Вкупниот буџет на проектот изнесува 430 илјади евра, од кои 330 илјади евра ги обезбедува општина Струмица од сопствениот буџет, а останатите се донација преку ХЕТ ТРИК програмата на УЕФА. Агенцијата за млади и спорт во изградбата на игралиштето нема вложено ниту еден денар“, рече Ристо Секулов.

Интегрален текст од прес конференцијата

Општина Струмица реагира на Отчетот на Владата за наводно реализираните проекти во нашата општина во првите сто дена од нејзиното работење. Имено, во таквиот отчет меѓу другото стои дека Агенцијата за млади и спорт во Струмица градиигралиште со вештачка трева по европски стандарди.

Општина Струмица како професионална, сериозна и транспарентна институција, одговорно тврди дека аргументите за изградбата на игралиштето не одат во прилог на вистината во Отчетот на Владата. Имено, игралиштето со вештачка трева во нашиот град го гради Општина Струмица во соработка со Фудбалската Федерација на Македонија. За нештата да бидат појасни, треба да се знае дека на товар на општината се сите градежни активности на игралиштето во кои спаѓаат адаптација на теренот, приклучување на водоводната и електричната мрежа, оградување, осветлување, поставување на трибини, рефлектори и соблекувални.

Целокупниот проект чини 430 илјади евра, од кои 330 илјади ги обезбедува Општина Струмица од сопствениот буџет, а останатите 100 илјади во делот на вештачка трева, се донација од  Фудбалската Федерација на Македонија, преку ХЕТ ТРИК програмата на УЕФА за развој на фудбалот. Тоа значи дека Агенцијата за млади  и спорт се јавува само како иницијатор, а во  изградбата на игралиштето  нема  вложено ниту еден денар.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски