Стотици студенти и наставници упаднаа во зградата на државната администрација во мексиканската сојузна држава Гереро и ја запалија, протестирајќи против исчезнувањето на 43 студенти за кои се верува дека се киднапирани од локални полицајци поврзани со нарко-картели.
Демонстрантите побараа 43 студенти кои исчезнаа на 26 септември да бидат пуштени на слобода. Постојат стравувања дека во некои од десетте новооткриени масовни гробници може да се телата на дел од нив.
На фотографии од местото на настанот, се гледаат оган и густ облак од чад како се издигаат над зграда на локалната администрација во Чилпасинг, главен град на државата Герера.
Протестите следуваат откако пред две недели полицијата во градот Игуала во истата држава, отвори оган врз студентите при што загинаа најмалку шест млади луѓе.
Сведоци тврдат дека полицијата тогаш однела во непознат правец десетици студенти кои оттогаш не се видени.