(ВИДЕО) Шекеринска во Кавадарци: Две многу тажни вистини за Македонија

Од:

Раководството на Социјалдемократскиот сојуз е присутно на терен, често и во општина Кавадарци.

Разговаравме за многу проблеми и за многу решенија коишто сметаме дека се потребни на граѓаните во Кавадарци. Денеска слушнавме голем број од старо – новите проблеми шти ја мачат оваа важна општина во Република Македонија и навистина е срамно што од една страна проблемите и потребите се многу големи, а од друга страна, не се прави ништо за тие да се решат, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Ќе ви кажам еден пример. Пред неколку дена Европската комисија го објави Извештајот за Република Македонија. Тој покажа две многу тажни вистини за нашата држава.

Прво дека состојбите се доведени во ќор сокак, тоа е буквално зборот што Европската комисија го спомнува за нашата држава и второ, еден катастрофален за сите податок за сите нас, дека Република Македонија поради неспособноста на својата Влада и своите институции веќе изгубила 21 милион евра неповратни средства, подарени од Европската Унија, што ги изгубила поради неумеење, или несакање.

Дополнително, Европската комисија `не предупредува дека до крајот на годината, најверојатно, како држава ќе изгубиме и дополнителни пари. Замислете Македонија секоја недела се задолжува со нови 10, 20, 50 милиони евра, а од друга страна не знаеме да искористиме 21 милион евра што би можеле да направат чудо во многу македонски општини.

На пример 21 милион евра можеа дефинитивно да ги решат проблемите со канализација коишто не го мачат сега веќе само делот на Кавадарци и кон Неготино, туку го мачат, поради недостигот на колекторски систем, веќе и цело општество и цело Кавадарци.

Да не зборуваме за проблемите во земјоделието, да не зборуваме за други локални проблеми, како што е на пример лошото решение за влезните приоди кон Кавадарци. Значи изгубените 21 милион евра можеа да значат подобри сообраќајни решенија, можеа да значат решавање на колекторските проблеми низ цело Кавадарци, 21 милион евра можеа да се употребат за македонските земјоделци, вклучително и за состојбите со грозјето. 21 милион евра можеа да значат повеќе пари во џебот на македонските граѓани и сите оние кои имаат најголема потреба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски