(ВИДЕО) СДСМ: Власта посегна и по правото на личен имот

Од:

Власта на Никола Груевски загрозува уште едно уставно право. Со измените во Законот за градба, што набрзина ги усвои пред само неколку дена, власта го загрозува уставно загарантираното право на сопственост на граѓаните и прави уште еден упад во ингеренциите на локалната власт, рече Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Во членовите 5 и 6 од Законот, власта предвидува за објекти на државни органи, агенции или фондови основани од Владата, одобрение за градење да се издава без решени имотно – правни односи. Овие објекти ќе може да добијат одобрениe за градба со давање изјава дека имотно – правните односи ќе се решат во иднина.

Со оваа одредба во Законот власта го загрозува уставно загарантираното право на сопственост. Сопственикот, граѓанинот, власта го става во подредена положба. На мала врата посега по неговиот личен имот.

Во друг член (член 4) се дава можност министерот за транспорт и врски да може да издаде одобрение за градење за сите објекти што се финансирани со средства од Буџетот на РМ.

Со зголемувањето на ингеренциите на министерот се врши повторна централизација во Република Македонија. Потсетуваме дека една од клучните забелешки во Извештајот на Европската комисија беше контролата на власта врз институциите на централно и на локално ниво.

Со членот 9 пак се врши директен упад на власта во локалните самоуправи, односно општините на територијата на Град Скопје.

За изведување на градбите односно поставување на опремата, а овде меѓу другото спаѓаат споменици и спомен обележја, инвеститорот сега ќе треба да поднесува барање и до градот Скопје а не како досега само до општината на која територија се наоѓа.

Измените и дополнувања во Законот за Градба се чекор назад за правата на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт