Димитар Грабул го освои МТП Опен 2014

Од:

МТП Опен, го доживеа својот крај, викеднов беа одирграни полуфиналните и финалните мечеви во сингл и двојки.

Очекувањата се исполнија, во финалето во сингл ги видовме Грабул и Јотовски каде Грабул убедливо славеше во двата сета.

Мечот заврши со резултат 6-1; 6-4 за Грабул, со чија победа го освои МТП Опен 2014.

Одиграв добар меч. Мораше да се потрудам, за да го победам најдобриот македонски тенисер. – изјави Грабул веднаш по мечот.

Добро е што бев дел од финалето. Проблем за мене беше што имам повреда, која ме спречи да прикажам подобра игра. – изјави Јотовски.

Ова е сè уште единствениот професионален турнир во тенис кај нас. Жално е што не се посветува внимание на еден ваков елегантен и борбен спорт. Се потрудивме максимално, да покажеме дека соништата може да станат реалност, од еден мал и надежен клуб, да стигнеме до организација на МТП Опен 2014. – изјави Круно Деспотовски Директор на МТП Опен 2014.

Она што можеше да се заокружи како финален натпревар во двојки во машка категорија беше натпреварот помеѓу: Мицов/Србљак и Јотовски/Деари кој заврши со резултат 6-3; 6-4.

Турнирот заврши со доделување на титулите и паричните награди обезбедени од страна на ТК МТП, како и спонзорите: Т-Mobilе, заедно со: Виталија, Менада, Данлоп Спорт и Декра го обезбедија наградниот фонд од 5000 евра.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров