МЗТ Скопје посрамотен во Подгорица

Од:

МЗТ Скопје ниту во третиот обид не успеа да забележи победа во Подгорица. Будуќност овој пат славеше со убедливи 96:69 во рамите на 3. коло во АБА-лигата.

МЗТ беше рамноправен противник само во воведните минути, по изедначените 8:8 домашниот тим направи серија од 7-0 за водство од 15:8 и до крај само рутински ја одржуваше предноста.

Последните 10 минути од мечот донесоа предност од 29 поени разлика за Будуќност (96:69), кои на МЗТ Скопје му го нанесоа најтешкиот пораз во регионалното натпреварување оваа сезона. Александар Цветковиќ беше прв стрелец кај „металците” со 13 коша, а Џордан Демјуник уфрли 10. Будуќност до победата го водеа Владимир Дашиќ (15 поени) и Чедомир Витковац (14).

За прв пат во последните три години, МЗТ Скопје паралелно со АБА лигата, ќе игра и во домашното првенство. Според распоредот, во вторник против Фени Индустри во домашното првенство, а во сабота во Јане Сандански доаѓа унгарскиот Шолнок.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос