Победи на гостинските екипи во дуелите од Првата кошаркарска лига

Од:

Гостинските екипи славеа победи во двата натпревари одиграни попладнево во Првата македонска кошаркарска лига.

Во воведното коло од новата сезона на машкиот кошаркарски шампионат на Македонија, екипите на Гоце Делчев и Куманово се радуваа на победи на теренот на противниците.

Во дуелот на дебитантите одигра во „Градски парк“ во Скопје, составот на Гоце Делчев од Штип го совлада тимот на Водњански Лисици со 72:68.

Во Струмица екипата на Куманово ја оправда фаворитската улога и триумфира со 92:74..

Потсетување дека во петокот во премиерниот  натпревар од новата сезона, во Гевгелија, екипата на Карпош Соколи славеше победа во дуелот против домашниот Кожув со 81:74.

Дуелот МЗТ Скопје – Фени Индустри ќе се игра во среда 15 октомври поради настапот на македонскиот шампион во АБА лигата, кој  вечерва во Подгорица од 21 часот и гостува на екипата на Будуќност.

Слободен во првото коло е тимот на Работнички.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос