Австралиската тенисерка Саманта Стосур е победничка на ВТА турнирот кој играше во Осака, на отвореното првенство на Јапонија кое се играше за награден фонд од 250 илјади американски долари.
Стосур која воедно беше и бранителка на трофејот од минатата година, во финалето ја победи Зарина Дијас од Казахстан, во два сета со 7-6 и 6-3.
Ова е прв трофеј сезонава за австралиската тенисерка, која воедно и по трет пат беше најдобра на турнирот во Осака, на кој за прв пат победи 2009 година.
За 30-годишната Стосур воедно триумфот во Осака е вкупно шести во нејзината кариерата на ВТА турнирите, меѓу нов и победата на Гренд слемот 2011-година кога беше најдобра на УС Опен.