Швајцарецот Роџер Федерер славеше победа во дуелот против Новак Ѓоковиќ и обезбеди пласма во финалето на АТП мастерст турнирот во Шангај.
Во вториот полуфинален меч на овој турнир Швајцарецот ја прекина низата од 25 триумфи на Ѓоковиќ во Шангај, со што не му дозволи на српскиот тенисер по трет пат во низа да триумфира на овој турнир.
Во мечот кој траеше 1 час и 35 минути, Федерер ги доби двата сета со идентични 6:4, притоа остварувајќи ја 19-победа во меѓусебните дуели со Ѓоковиќ кој има две победи помалку над големиот ривал.
Федерер во финалето за противник ќе го има Французинот Жил Симон кој во првиот полуфинален меч со 2:0 го победи Фелицијано Лопез од Шпанија.