Музејот за восочни фигури „Madam Tiso“ ги претстави првите фотографии од восочната фигура на Стив Џобс, која ќе биде поставена во Хонг Конг по повод една година од неговата смрт
По Хонг Конг, фигурата ќе биде поставена и во Шангај и Банког.
Восочната фигура го прикажува поранешниот извршен директор на „Apple“ во својата препознатлива комбинација – сини фармерки и црна маичка. Неговата поза е базирана на фотографијата снимена за насловната страна на деловниот магазин „Fortune“ од 2006-та година, пренесува Mashable.
Според изјавите на вработените во музејот, цената на фигурата на Стив Џобс ќе изнесува 193.486 долари.