Австралиската тенисерка Саманта Стосур е втората финалистка на ВТА турнирот кој се игра во Осака, односно отвореното првенство на Јапонија.
Стосур во полуфиналето ја совлада Јелена Свитолина во два сета. Во првиот Украинката имаше и сет топка, но Стосур успеа да се извлече, и да го одведе сетот во тај-брејк кој го доби со 8:6.
Сепак, во вториот сет Австралијката, беше убедлива па на својата противничка и препушти само два гема, а сетот го доби со 6:2, за конечни 2:0 во сетови.
Противничка на Стосур во финалето ќе и биде Зарина Дијас од Казахстан, која исто така во два сета со 6:2 и 7:5 во полуфиналето беше подобра од Луксику Кумкум од Тајланд.