Објавен повикот за поднесување барања за средства за отворање специјализирани продавници за македонско вино

Од:

Објавен е јавниот повик за доставување барања за користење средства од годинашната Програма за финансиска поддршка на руралниот развој наменети за отворање специјализирани продавници за вино по потекло од Република Македонија, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Целта е воспоставување и работа на унифицирани и специјализирани продавници – две во Скопје и по една во Охрид, Берово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево.

– Со мерката се воспоставува и корпоративен и бренд идентитет на специјализираните продавници во кои ќе се продаваат македонски вина. Со тоа се унифицира и специфицира бренд логото во македонска и англиска верзија, пакувањето на продадените вина, работната облека на вработените во продавницата, излогот на продавницата и целосното ентериерно решение на продавниците, соопшти Агенцијата.

Со воспоставување на брендот унифицирани и специјализирани продавници за продажба на вино со потекло од Република Македонија ќе се овозможи зголемена достапност на македонските вина до домашните и странските потрошувачи, промоција на сите вина произведени во Република Македонија и зголемена препознатливост на македонските вина.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од направените трошоци за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 1.500.000 денари, 50 проценти од износот на годишнината закупнина, но не повеќе од 30.000 денари месечно и најмногу две просечни плати во дејноста за две лица вработени за продажба на вино во продавницата

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Право на користење на средства имаат правни лица регистрирани согласно Законот за трговски друштва, Законот за угостителство и кои ќе ги исполнат условите согласно Законот за трговија при започнување на вршење на дејноста односно ке поседуваат дозвола за вршење дејност промет со алкохолни пијалоци.

Крајниот рокот за аплицирање е 30 ноември 2014. Барањата доставени по неговото завршување нема да бидат разгледувани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8