Македонскиот ракометен првак Металург ќе има тешка задача на гостувањето во Загреб, да ја оствари првата победа во новата сезона од елитната Лига на шампиони.
Металург и на овој натпревар ќе настапи без репрезентативецот Дејан Манасков кој заработи суспензија како и голманот Дарко Станиќ со кој тимот од Автокоманда ја прекина соработката. Во составот се враќаат Павел Атман и Ренато Вугринец.
Хрватскиот шампион Прво плинарско друштво Загреб, во првото коло пред својата публика славеше победа против европскиот вицепрвак Кил.
Дуелот ППД Загреб – Металург кој ќе започне од 18 часот е единствениот од Лигата на шампиони кој ќе се игра денеска.
Преостанатите средби на програмата се в недела, меѓу нив и средбата Вардар – Рајн Некар Ловен која ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот и 30 минути.