Изненадување на стартот на сезона во кошаркарскиот шампионат

Од:

Новата кошаркарска сезона во Првата македонска лига почна со изненадување.

На првиот натпревар од новиот шампионат, одигран синоќа во Гевгелија, екипата на Карпош Соколи славеше победа во дуелот против домашниот Кожув со 81:74.

Најзаслужни за победата на „Соколите„ беа екс кошаркарите на Кожув, Игор Мијајловиќ кој постигна 19 и Игор Пенов кој придодаде 13 поени.

Во недела, ќе играат два натпревари.

Дебитантите во прволигашкото друштво Водњански лисици и Гоце Делчев играат во меѓусебен дуела, а во салата „Парк„ во Струмица истоимената домашна екипа го пречекува составот на Куманово.

Дуелот МЗТ Скопје – Фени Индустри ќе се игра во среда 15 октомври поради настапот на македонскиот шампион во АБА лигата, кој  вечерва во Подгорица од 21 часот и гостува на екипата на Будуќност.

Слободен во првото коло е тимот на Работнички.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос