Федерер во полуфиналето против Ѓоковиќ

Од:

Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер утре на турнирот во Шангај ќе го играат својот 36-ти меѓусебен дуел, а Федерер има предност од 18:17 во победи.

Најпрвин Ѓоковиќ избори полуфинале, а потоа Швајцарецот Федерер успеа во четвртфиналето да го победи Жулиен Бенето од Франција со 7:6 и 6:0. Бенето беше равноправен ривал само во првиот сет.

Ѓоковиќ во четвртфиналето го совлада Шпанецот Давид Ферер со 6:4 и 6:2 во сетови.

Во второто полуфинале ќе играат Фелисијано Лопез и Жил Симон. Лопез го победи Михаел Јужњи (Русија) со 2:1 во сетови, а Симон со истиот резултат го совлада Томаш Бердих (Чешка).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров