(ВИДЕО) Манчевски: Граѓаните ќе го платат одложувањето на либерализацијата

Од:

Само ден по Европскиот Извештај, Владата на Груевски најави чекор што крши меѓународен договор чиишто потписнички се Македонија и Европската Комисија. Одложена е либерализацијата на пазарот на електрична енергија за најмалку 5 години, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Во продолжение тој рече:

Што значи ова?

ЗА ФИРМИТЕ

Голема е веројатноста да се качи цената на струјата што ја користат над 70.000 мали и средни претпријатија. Токму овие претпријатија, со либерализацијата требаше да добијат можност за поевтина струја. Одложувањето на либерализацијата ќе повлече и зголемувања на цените на основните производи.
Фирмите, со либерализацијата ќе добиеја поевтина струја од 20 до 40 проценти. Тие сега плаќаат цена од 96.5 евра за мегават час. А големите компании што се веќе на слободниот пазар плаќаат за 20 евра пониска цена од малите и средни претпријатија, што сега немаат избор. Од намалувањето на цената на струјата на малите и средни претпријатија корист ќе имаа токму граѓаните кои ги користат нивните услуги и производи.

ЗА ГРАЃАНИТЕ

Бидејќи знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ се правда за одложувањето на либерализацијата со стравот од поскапување на струјата, ќе ги потсетиме:

Еве изјава од пред два месеца, од Регулаторната комисија за енергетика:
-Со либерализацијата не се очекува зголемување на цената на струјата!

Еве изјава на директорот на Операторот на пазар на електрична енергија при МЕПСО од пред 3 дена:

-Новите учесници на пазарот, со реформата што се спроведува со целосна поддршка од Владата, ќе добијат можност да ги намалат своите трошоци за струја.

Како токму сега, кога завршува рокот за либерализација на енергетскиот пазар, власта се сети за наводно покачување на цената на струјата за 20 проценти? Власта на Груевски во 8 годишното владеење без либерализиран пазар им ја зголеми цената на струјата на домаќинствата за ЦЕЛИ 75 ПРОЦЕНТИ!

Наместо да се одложи либерализацијата, СДСМ предлагаше и повторно ги повторува своите предлози:

да се врати евтината струја во текот на денот за домаќинствата
Владата да инвестира во енергетски објекти, наместо да гради споменици ,музеи и панорамски тркала

Владата со закон да гарантира поголеми субвенции за домаќинствата кои нема да можат да ги подмират сметките за струја.

Владата на Груевски нема издржана и реална енергетска политика. До сега не превземаа никакви чекори за заштита на граѓаните. Се што сега прават е премногу доцна. Македонија е се повеќе зависна од увоз на струја, а тоа директно се одразува на цената за потрошувачите и домашниот буџет на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски