На Бакрачески не му одговара моменталната состојба на земјава

Од:

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески заедно со претставниците на Локалната самоуправа револтирано заминаа додека траеше говорот на претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески, на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на востанието, 11 Октомври.

Откако претседателот на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца почна да зборува за катастрофалната економска состојба на Република Македонија, одливот на млади мозоци и немањето политички дијалог на власта и опозицијата, Бакрачески револтирано ја напушти свеченоста. По многу кратко време, свеченоста ја напуштија и претставниците на Локалната самоуправа, советниците од ВМРО – ДПМНЕ, како и пратеникот Сашо Василески и директорите на јавните претпријатија во Охрид.

Откако Георгиески заврши со говорот, тие се вратија во големата сала на Општина Охрид и ја проследија културната програма на свеченоста по повод одбележувањето на 11 Октомври – Денот на востанието.

Од кабинетот на Бакрачески во однос на напуштањето на седницата велат дека во излагањето на првиот човек на Сојузот тој изнел свои лични видувања, ставови, перцепции и доживувања за власта во земјава.

Обраќањето на првиот човек на Сојузот на борците на Општина Охрид, Гоце Ѓорѓиески, во кое тој изнесе свои лични видувања, ставови, перцепции и доживувања за власта во земјава, го оценуваме како очигледна злоупотреба на празникот 11 Октомври и настанот кој по тој повод го организираа заедно Локалната самоуправа на Охрид и Сојузот на борците – велат од кабинетот на Бакрачески.

 

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите