Оваа мала викенд куќа, дизајнирана од архитектот Рон Ди Мауро, се наоѓа во градот Портсмут во американската сојузна држава Род Ајланд и изгледа совршено за летни одмори.
Викендичката, стационирана на морската плажа, има 80 метри квдратни простор и преубави бели бои. Мебелот може да се смести во кој било дел од малиот простор.
Она што се истакнува во овој убав простор е меката палета на бои, која идеално го отсликува морскиот живот. Вградената клупа и преубавата маса, се само дел од некои елементи кои ја истакнуваат убавината каде акцентот е ставен на целокупните елементи во неа.
Половина од ѕидот овозможува раздвојување на дневната соба и кујната, но тој сепак овозможува природната светлина да влегува во останатиот дел од куќата и да не го попречува преубавиот поглед кон океанот. Кујната изгледа како совршенство во ваквиот мал простор. Таа е во бела боја и има доволено слободен простор.
Прилагодените кревети на кат се сосема добра инвестиција во секоја куќа. Со нив се штеди на простор и изгледаат многу интересно, а во оваа викенд куќа се искористени рационално, бидејќи во нив се наоѓаат вградените полици. Интересниот и шарен декор на тепихот и постелнината ја прават спалната соба поведро и забавно место за опуштање и релаксирање во текот на летните и сончеви денови.
Терасата е мала, но многу убава, додека ѕидот на едната страна обезбедува потполна приватност. Од терасата се пружа преубав поглед кон големиот и син Атлантски Океан.