Мексиканската полиција го уапси осомничениот лидер на нарко картелот Хуарес, Висент Кариља Фуентес, чија банда учествувала во пресметки за превласт во кои загинале илјадници луѓе, соопштија денеска локалните власти.
Американските власти понудија награда од пет милиони долари за информации што ќе помогнат за апсење на 51-годишниот Фуентес, а Мексико понуди 2,2 милиони долари.
Нарко картелот Хуарес стои зад шверц на тони кокаин и марихуана во САД, соопшти ФБИ.
Фуентес е уапсен од федералната полиција во градот Тореон.