Во склоп на одбележувањето на Детската недела покрај низата активности на училиштата, денеска во општина Велес се изврши и прием на првачиња во Детската организација.
По тој повод на присутните првачиња од сите основни училишта од општина Велес и на нивните наставници им се обрати градоначалникот Славчо Чадиев, кој и им посака многу здравје, весело детство и успех во образованието.
– Секогаш ќе ги поддржувам и ќе се заложувам за осовременување на образованието. Сакам и во иднина првачињата повторно да ги сретнам, но како изградени и успешни млади личности, порача градоначалникот Чадиев.