(ВИДЕО) Димова: Опасно е однесувањето на Груевски

Од:

Опасно е однесувањето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за пораките во Извештајот на ЕК. Груевски се прави дека не му е јасно. Јасни и недвомислени се пораките во Извештајот на Европската комисија со посочена одговорност кон врвот на власта. Прецизно се констатирани катастрофалните владини политики, Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ.

Македонија е во ќорсокак, додаде таа.

Европската комисија го констатираше она што граѓаните го чувствуваат секој ден, дека Македонија назадува. Во извештајот е секојдневието на граѓаните и фирмите, состојбата во медиумите, она што го констатираат невладините и меѓународните организации веќе подолго време.

Во продолжение рече:

Владина контрола врз медиумите и за време на изборите. Дека Владата тоа го прави преку рекламирањето во медиумите. ЕК најдиректно ги употреби овие оценки.

Заклучоците на ЕК ги потврдуваат сите обелоденети случаи на медиумска корупција, милионските исплати на провладините медиуми за време на изборната кампања, затворањето на независните медиуми, падот на Македонија на сите светски листи за слобода на медиумите, оценките дека во Македонија владее хибриден режим.

Селективна правда. Селективна борба против корупцијата. Бројни афери се поврзани со врвот на власта.

Оваа оценка доаѓа по бројните афери кои ги отвори опозицијата, поврзани со врвот на власта: Македонска банка, Актор, пари во кеш, кои беа заобиколени од судските и истражните органи. Самата јавност е сведок на политички и полициски монтирани случаи, подметнувања и апсења.

Нема констатација во извештајот на Европската комисија за којашто нема безброј аргументирани примери:

Политизација на јавната администрација на централно и на локално ниво.

Уставни промени без политички консензус.

Огромен јавен долг над 50% од БДП и постојано задолжување на државата.

Отсуство на политичка дебата.

Фактот што годинава не се одржа ниту една средба од Пристапниот дијалог на високо ниво, а власта за тоа ништо не презема, покажува колку е неодговорна оваа власт во врска со евроинтеграциите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски