ДС: Извештајот на ЕК за Македонија е одраз на реалните достигнувања во повеќе области

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е објективен и е одраз на реалните достигнувања во повеќе области. Забелешките за состојбите во некои области се силен мотив за да се вложат дополнителни напори за нивно подобрување, посебно во областа на медиумите, политичкиот дијалог, како и борбата против криминалот и јакнење на независноста на судскиот систем и др.

Критичките аспекти во Извештајот говорат повеќе и за немањето на механизми на Европската унија за решавање на дваесетгодишниот спор наметнат од Република Грција околу името на нашата држава, спор кој ги блокира евроинтеграциските процеси.

Препораката за започнување на преговорите за влез во Европската унија е оценка која потврдува дека Македонија ги исполнува клучните критериуми за отворање на поглавјата и нивна имплементација битни за влез во Европската унија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он