Најмалку 43 лица загинаа денеска при самоубиствен бомбашки напад во центарот на јеменскиот град Сана.
Цел на нападот биле приврзаници на шиитските бунтовници Хуси, кои имаат контрола врз јеменската претстолнина, соопштија медицински извори.
Претходно, телевизија контролирана од бунтовниците јави дека во нападот загинале 32 лица, а десетина се ранети.
Експлозијата се случила во близина на контролен пункт на плоштадот „Тахир“, додека приврзаниците на шиитските бунтовници се собирале за протестен митинг.