Спортски и научни дисциплини на Информатијада во Охрид

Од:

Повеќе од 400 студенти од факултетите за информатички науки и технологии од универзитетите од Македонија и регионот учествуваат на првата Информатијада, што од денеска до 12 октомври, се одржува во Охрид.

Давор Поповски, претседател на Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), истакна дека во рамки на Информатијадата студентите ќе се натпреваруваат како во спортски така и во практични дисциплини од областа на информатиката.

– Во научниот дел предвидени се три работилници и тоа бизнис-работилница, работилница за веб-апликации и за апликации за мобилни платформи, како и натпревари по алгоритми, програмирање и математика, рече Поповски.

Практичниот дел од наставните активности ќе биде заокружен со демонстрација на сработеното и презентација на сработените апликации и програми пред претставниците на бизнис-секторот од фирмите и компаниите од ИТ индустријата што ги поддржуваат студентските игри.

Спортскиот дел ќе опфати натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, серва, пинг-понг и шах, во машка и женска конкуренција.

Организаторите на настанот очекуваат дека манифестацијата ќе стане најголемиот собир на студентите од областа на информатичките науки во регионот, оттаму што ваков настан со толкав обем досега не е организиран ниту на европско ниво.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид