Десетици илјади наставници, активисти и граѓани го блокираа автопатот во главниот град на мексиканската држава Гереро, во знак на протест поради исчезнувањето на 43 студенти.
Тие бараат властите да ги пронајдат, а се сомневаат дека локалната полиција соработува со организирана криминална група, која е вмешана во исчезнувањето на студентите.
Во мексиканскиот град Игуала каде што минатата недела во судири загинаа шест лица, а исчезнаа 43 студенти, е пронајдена масовна гробница.
Истражувачите се уште не соопштија дали помеѓу 28-те тела кои што се пронајдени во гробницата , се наоѓаат и остатоци на исчезнатите студенти.
Е. Г.