Тимерманс: Патник од урнатиот малезиски авион во Украина бил пронајден со маска за кислород на лицето

Од:

Еден од загинатите патници на малезискиот „Боинг-777“, што во јули беше соборен во Украина, бил пронајден со маска за кислород на лицето, информира шефот на холандската дипломатија Франс Тимерманс.

Авионот, што леташе од Амстердам за Куала Лумпур на 17 јули падна над источна Украина, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, главно Холанѓани. Досега, како што јави ТАСС, се сметаше дека сите во авионот загинале веднаш.

– Луѓето едвај можеле да видат дека им се доближува ракетата, но знаете ли, дека еден од загинатите бил откриен со маска за кислород на лицето? Значи имал време да го направи тоа. Најмалку што треба да направиме е да не ја исклучуваме и оваа можност, рече Тимерманс за холандската телевизија НОС.

Првичниот извештај за причините за несреќата, објавен од холандскиот Совет за безбедност, не соддржеше никакви сведоштва за маската за кислород.

Според податоците на организацијата, Боингот бил „удрен од мноштво висококоцентирани честички, поради што веројатно се распаднал уште во воздухот“. Според експертите, во таква ситуација, луѓето во авионот живееле уште само неколку секунди.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он