Актуелниот претседател на Светската фудбалска асоциација (ФИФА), Сеп Блатер добива уште еден против кандидат за изборите закажани во мај месец следната година.
Откако својата кандидатура на потврди Французинот, Жером Шампањ, сега и поранешниот претседател на чилеанската фудбалска федерација Харолд Мејн Николас, најавува дека ќе се кандидира за местото прв човек на ФИФА.
Педесет и три годишниот Николас, ја предводеше инспекцијата во земјите кои се кандидираа за организација на Светските првенства во 2018 (Русија) и 2022 (Катар).
Засега, официјални кандидатури за местото прв човек на светскиот фудбал имаат поднесено актуелниот претседател Блатер и Французинот Шампањ. Доколку Николас сака да се впушти во трката за претседателското место, Чилеанецот ќе мора и официјално најдоцна до јануари 2015 да ја поднесе својата кандидатура, за изборите кои ќе се одржат во мај 2015 година.